Лефвен: Безбедноста е услов за економски раст
2015-та година е година на предизвици. Нарушено е меѓународното право и основите на нашите општества, светот е погоден од естремизам и насилство, што не придонесува за просперитет и економски раст, изјави новоназначениот шведски премиер Стефан Лефвен при првата официјална посета на Вашингтон...
Шведска побара во Договорот за слободна трговија меѓу Соединетите Американски Држави и Европската Унија да бидат вклучени и земји членки на Светската трговска организација што бележат економски раст. Ова ќе придонесе до воспоставување на глобална економија врз заеднички стандарди, изјави шведскиот премиер Стефан Лефвен во Вашингтон
„Што треба да биде природата на нашиот глобален и заемно зависен свет? Мојот одговор е солидарност и еманципација, не доминација и експлоатација. Можеме да избереме правила наместо сила. Одржлив развој наместо кратковидност со фосилни горива, родова еднаквост наместо структурна дискриминација. Можеме да избереме пристоен свет за сите“, изјави Стефан Лефвен, премиер на Владата на Кралството Шведска.
Безбедноста е услов за економски раст. Со анекцијата на делови од територијата на Украина се наруши меѓународното право и основите на светскиот ред, оцени шведскиот премиер. Тој посочи дека е важно да се постигне договор со Иран за нуклеарната програма и сите демократски земји да се вклучат во заедничката борба против екстремизмот и странските борци.
„Со оваа илегална анексија на Крим и Источна Украина, Русија ги тава на тест основните норми и правила на меѓународното ко-постоење, што се предизвикува. Кога ова ќе се случи мора да застанеме цврсто. И го направивме тоа со силен едиствен трансатлански одговор“, додаде шведскиот премиер Лефвен.
Шведскиот премиер го поддржа склучувањето на Договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ, бидејќи ќе донесе нови работни места и инвестиции.
Шведскиот премиер побара од американските и светските лидери да се заложат за заедничка борба против климатските промени и за поголема родова еднаквост.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
