Средства од ИПАРД за лозарите и овоштарите
01.04.2015 10:59
Пари од ИПАРД може да се користат за обновување на лозови насади постари од 20 и овошни од 15 години. Со овие средства се покриваат половина од трошоците за нивно модернизирање...

Лозарите и овоштарите со европски пари можат да постават систем за наводнување, обновливи извори на енергија и заштитни мрежи.
Во овоштарството можат да добијат пари за пакување, складирање и простории за вработените.
За инвестицијата треба да имаат сопствено производство на грозје и овошен насад од 0,3 до најмногу 50 хектари.
Подршката е од 3.000 до 1,5 милион евра. Можат да се набават и трактори со моќност до 82 киловати.
Методија Трајков
