Обновен возниот парк на комуналното претпријатие во Дојран
Возниот парк на комуналното предпријатие за собирање и одпремање на сметот е обновен со две нови возила, со современи перформанси за полесно, но и еколошко третирање на отпадот...

Две нови возила за комуналното претпријатие „Полин“ од Дојран. Камионот за собирање смет и градежната машина за расчистување отпад ги набави локалната власт. Комуналните работници ќе може подобро и пофункционално да одговорат на задачите, истакнаа надлежните.
Старото хаварисано возило не било доволно за целосно извршување на обемот на работа на комуналните служби. Сега, општинските власти се уверени дека освен што навремено ќе бидат исполнети задачите, испочитувани се и еколошките стандарди.
Во Нов и Стар Дојран комуналните услуги ги користат 1.780 жители. Сметот се депонира во привремената депонија Дикилташ кај Стар Дојран.
Катерина Давчева
