Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица
01.04.2015 11:09
Во 2011-та година двајцата осомничени во даночната пријава прикажале лажни податоци за наводно набавена стока, со што незаконски оствариле поврат на ДДВ од 50 илјади евра...

Управителот на скопската фирма „Хардекс трејд“ и уште еден лице заработија кривични пријави под сомнение дека фалсификувале и уништиле деловни книги, соопштуваат од Финансиската полиција.
Во 2011-та година двајцата осомничени во даночната пријава прикажале лажни податоци за наводно набавена стока, со што незаконски оствариле поврат на ДДВ од 50 илјади евра.
Откако парите легнале на сметката на фирмата, ги извадиле и кешот го поделиле, користејќи го за лични потреби.
