На патот Удово-Валандово сообраќајот по една лента
Од Mакедонија пат информираат дека на магистралниот пат A-3 Кочани – Делчево, поточно на потегот село Истибања и Македонска Каменица, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења...

Поради надоаѓање на поголема количина на вода од Kалковска река, на патниот правец Удово-Валандово на клучката кај селото Mиравци, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.
Од Mакедонија пат информираат дека на магистралниот пат A-3 Кочани – Делчево, поточно на потегот село Истибања и Македонска Каменица, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења.
Поради оштетување на мост на реката Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат Просениково – Сарај, а сообраќајот на патниот правец се одвива по заобиколен пат.
