Напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма

01.04.2015 11:45

Според Лавров има договор за сите клучни аспекти, а преговорите продолжуваат и денеска...

Постигнат е напредок  во преговорите за иранската нуклеарна програма, потврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. 

Иран и шесте светски сили неколку дена преговараа во швајцарскиот град Лозана. Според Лавров има договор за сите клучни аспекти, а преговорите продолжуваат и денеска.

Светските сили сакаат да ја ограничат Иранската програма во замена за укинување на санкциите.