Нема повеќе епидемија на жолтица во Скопје

01.04.2015 12:02

Со жолтица беа заразени вкупно 476 лица. Болнички се лекувани 177 лица или 37,1 процент од заболените...

Од скопскиот Центар за јавно здравје информираат дека повеќе нема епидемија на жолтица. Во Скопје епидемијата беше прогласена на 22-ри август, лани кога беше регистриран зголемен број заболени.

Со жолтица беа заразени вкупно 476 лица. Болнички се лекувани 177 лица или 37,1 процент од заболените.

Најголем број заразени се регистрирани во Шуто Оризари.

Епидемиолозите и натаму продолжуваат да ја следат состојбата со заразните заболувања  во Скопје и се преземаат потребните санитарно- хигинески мерки, велат од Центарот за јавно здравје.