Ципрас: Не се согласуваме со санкциите против Русија

01.04.2015 12:06

Ципрас идната недела треба да се сретне со претседателот Путин...

Грчка влада не се согласува со санкциите против Русија и воедно сакаме да ги продлабочиме трговски врски со оваа земја, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас пред посетата на Москва закажана за идната недела.

„Не се согласуваме со санкциите и веруваме дека тоа е пат кој не води никаде“, додаде Ципрас кој идната недела треба да се сретне со претседателот Путин.