Обид за убиство во Гостивар

01.04.2015 12:17

59-годишен гостиварчанец бил нападнат од засега непознато лице. Му биле нанесени неколку убиди во пределот на стомакот, вратот и лицето...

Вчера околу 21 часот и 30 минути во гостиварската полициска станица било пријавено дека во наслелбата Питарница, во дворно место од куќата, 59-годишен гостиварчанец бил нападнат од засега непознато лице.

Му биле нанесени неколку убиди во пределот на стомакот, вратот и лицето.

Повредениот бил пренесен во гостиварскиот Медицински центар, но поради сериозноста на повредите, префрлен е на скопскиот Ургентен центар.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид, а по напаѓачот се трага.