Расте тензијата во Турција- вооружени лица влегле во зградата на партијата на Ердоган

01.04.2015 12:29

По вчерашната заложничка драма денеска, две вооружени лица влегле во зградата на владеачката Партијата за правда и развој во Истанбул. Полицијата ја опколи целата област, засега не даваат повеќе информации дали има заложници...

Апсења во Истанбул по вчерашната осумчасовна заложничка драма во која животот го загуби киднапираниот обвинител Мехмет Селим Кираз, како и двајцата киднапери. Полицијата уапси 22-ца студенти, членови на радикалното движење Револуционерна народноослободителна партија. Премиерот Даватоглу најави радикална борба против тероризмот.

„Ситуацијата која се случи вчера ја става во прашање безбедносната сотојба. Имавме сотанок на кој констатиравме дека детално ќе ги истражиме причините за инцидентот, како и чекорите кои треба да ги преземеме за ова да не се повтори“, изјави премиерот Ахмет Даватоглу.

Од Романија со реакција се огласи и турскиот претседател Ердоган.

„И честитам на полицијата за акцијата, но по ова треба да ги зголемиме безбедносните мерки во судовите, кој смее да има пристап“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Во текот на ноќта избија немири во Истанбул. Полицијата со водни топови и солзавец се обидуваше да ги растера демонстрантите, кои се незадоволни од вчерашниот епилог на заложничката криза во просториите на судот.

Нередите почнаа од симпатизерите и членовите на Револуционерниот народоослободителен фронт на која и припаѓаа и киднаперите кои беа убиени од полицијата. 

 

Марија Петковска