Нормализиран сообраќајот на патниот паравец Удово- Валандово

01.04.2015 13:05

Поради оштетување на мост на реката Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат Просениково– Сарај, а сообраќајот на патниот правец се одвива по заобиколен пат...

Целосно е нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово- Валандово, на клучката кај село Миравци. Од Македонија пат информираат дека на магистралниот пат Кочани–Делчево, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења.

Поради оштетување на мост на реката Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат Просениково– Сарај, а сообраќајот на патниот правец се одвива по заобиколен пат.

Поради опасност од нови одрони, се препорачува внимателно возење на патот Ресен-Битола- Прилеп.