Претседателот Иванов од утре во посета на Република Албанија

01.04.2015 13:22

Претседателот Иванов во Тирана ќе оствари средби со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета, соопштуваат од Кабинетот на претседателот...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија.

Претседателот Иванов во Тирана ќе оствари средби со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. 

Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, претседателот Иванов ќе оствари средба и со Градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.

Во петок, претседателот Иванов ќе ја посети Општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.

Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Албанија, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.