Пожар во древен град

11.01.2014 19:41

Страотен пожар целосно пеплоса древен град во Тибет. Настардале повеќе од 100 традиционални куќи. Пожарот избувнал на полноќ по локано време во градот познат по добро сочуваните стари градби, Улици и тибетска култура, популарно туристичко место. Илјадниците пожарникари, војници, полицајци и локалното население кои биле ангажирани во гаснењето, 10 часа не успеале да се справат со огнената стихија. Жртви нема, не е позната ниту причината за несреќата. Градот Дукезонг што во превод значи Месечев град, основан пред 1300 години бил важна етапа на јужната рута на патеката на свилата. Неодамна во провинцијата Сечуан, во друга тибетска населба изгоре будистичкиот Цетар сертар институт. Се уште се води истрага за причините. Кинеските власти се во постојан конфликт со тибетанците кои го обвинуваат Пекинг за социјално и економско запоставување и обид за уништување на културата и традицијата на Тибет. Духовниот водач Далај Лама по неуспешниот бунт во 1959 година се уште живее во егзил во Индија.

 

Маја Стојанова