Се менуваат критериумите за увоз и трговија со половни возила

01.04.2015 14:00

Причина за измнените во регулативата е појавата голем број граѓани да увезуваат возила на свое име, а потоа ги препродаваат, со што прават нелојална конкуренција на регистрираните дилери со стари коли...

Со измените во Законот за трговија, кои се во подготовка, увоз и трговија со половни возила во иднина ќе може да вршат само правни и физички лица регистрирани за оваа дејност во Централниот регистар.

Причина за измнените во регулативата е појавата голем број граѓани да увезуваат возила на свое име, а потоа ги препродаваат, со што прават нелојална конкуренција на регистрираните дилери со стари коли.

Во однос на лани увозот на автомобили е преполовен. Во јануари 2015-та биле внесени 1.368 коли, од кои 1.100 стари, а во истиот месец лани 2.239.

 

Свето Николовски