Брзиот воз Скопје- Битола повторно во редовен сообраќај

01.04.2015 14:07

И покрај најавите за прекин на железничкиот сообраќај, поради штрајк на дел од машиновозачите, денеска возовите се движеа според возниот ред...

По неколкумесечен прекин, од денеска на пругите повторно во редовен сообракај брзиот воз од Скопје до Битола. Од утре во раните утрински часови според возниот ред ќе сообраќа на релација Битола- Скопје.

Со новите вагони менаџменот на Македонски железници очекува да се интензивира сообраќајот. И покрај најавите за прекин на железничкиот сообраќај, поради штрајк на дел од машиновозачите, денеска возовите се движеа според возниот ред.

Раководството најави и дека усогласениот колективен догор за вработените со синдикатот ќе го потпише до крајот на неделава. Според него, вработените треба да добијат максимални коефициенти.