Невремето „Никлас“ направи пустош во Европа
01.04.2015 14:17
Бурата „Никлас“ пропратена со поројни дождови и силен ветер, предизвика проблеми и во патничкиот и во железничкиот сообраќај...

Четворица загинати, повеќемина повредени, хаос во сообраќајот и огромна материјална штета е билансот од вчерашното невреме, што ја зафати Германија.
Бурата „Никлас“ пропратена со поројни дождови и силен ветер, предизвика проблеми и во патничкиот и во железничкиот сообраќај.
Невремето предизвика проблеми и во Австрија, Велика Британија и во Швајцарија.
