Започнува проектот „Македонија вработува“

01.04.2015 15:20

Работодавачите ќе бидат стимулирани со неплаќање на социјалните придонеси и персоналецот, во период од 3 до 5 години, во зависност од возраста на вработениот...

Стартува проектот „Македонија вработува“ што во следните 12 месеци ќе можат да го искористат 150 илјади невработени.

Работодавачите ќе бидат стимулирани со неплаќање на социјалните придонеси и персоналецот, во период од 3 до 5 години, во зависност од возраста на вработениот.

Ќе бидат опфатени 5 категории невработени, меѓу кои самохрани родители, приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство и други.