Нови апарати за генотипизација на ХИВ на Клиниката за инфективни болести
01.04.2015 15:31
На Клиниката за инфективни болести е набавен нов апарат, со кој може да се прави генотипизација на ХИВ вирусот, за да се одреди соодветна терапија...

Пет нови заболени од ХИВ вирусот се регистрирани од почетокот на годината. Надлежните очекуваат, овој број да се зголемува и да се повтори ланската статистика, која достигна 45 случаи.
На Клиниката за инфективни болести е набавен нов апарат, со кој може да се прави генотипизација на ХИВ вирусот, за да се одреди соодветна терапија.
На овој начин ќе се избегне ситуацијата, после шест месеци или една година да се утврди дека пациентот бил отпорен на одредени лекови. Апаратот чини околу 85 илјади евра.
