Златна зора со жалба до Европскиот суд за човекови права

11.01.2014 19:45

200 членови на Златна зора пред Вишиот суд во Атина протестираа против притворот на тројца партиски функционери обвинети за учество во криминална организација.

„На слобода шетаат терористи и измамници од Пасок и Нова Демократија. Ниеден политичар ни министер не беше испрашан за скандалите со мито и корупција“, изјави портпаролот на Златна зора Илијас Касијаридис.

Неонацистите најавија жалба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Тепачка во турскиот парламент

Нови протести ја тресат владата на Ердоган, разнишана со истрагата за корупција. На враќање од азиската турнеја, турскиот премиер во Анкара го пречекаа 20 илјади демонстранти со повиците „револуцијата ќе го исчисти ѓубрето“ и „сите се крадци“.

„По 12 години исплива корупцијата во политиката. Јасно е дека во владата владеат кражби и лаги. Илјадници се собравме да побараме крај на тоа“, изјави Начи Алкан, демонстрант.

Во турскиот парламент, за време на дебата изби тепачка. Пратениците наместо да дебатираат за спорниот предлог закон, применија клоци и тупаници. Еден дури беше погоден од таблет компјутер фрлен од колега.

Екс министерот за полиција повреден во судирите во Украина

Во нови судири меѓу украинските демонстранти и специјалците од одредот Беркут. Неколкумина се посериозно повредени, меѓу кои и поранешниот министер за полиција и водечки опозиционер Јуриј Луценко.

„Почнаа да удираат со пендреците. Викав „новинар сум“, но не им беше грижа“, објаснува Макс Левин, фотограф.

Судирите избија по пресудата за 6 години затвор против тројца ултрадесничари кои во 2011 се обиделе да ја детонираат статуата на Ленин во Киев и се надоврзаа на протестите против владата на претседателот Јанукович кој договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ го замени со договор за трговија и 15 милијарди евра од Русија.

Почина поранешниот израелски премиер Шарон

Поранешниот израелски премиер Ариел Шарон почина на 85-годишна возраст, по 8 години поминати во кома поради мозочен удар. Освен за голем политичар, Шарон го сметаа и за голем воен водач кој се бореше во четири израелски војни. Промовираше изградба на еврејски населби на окупираните територии и ја поттикна изградбата на контроверзната ограда кон Западниот брег по бранот напади на палестинските екстремисти, иако беше избран со ветување за „безбедност и вистински мир“.