Заев објави нови 12 аудио материјали

01.04.2015 17:02

Тој тврди дека се меѓу директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и судијката Светлана Костова, како и на судијката со израелецот Хаим Хакеин...

12 нови аудио-материјали од прислушувани телефонски разговори што ги поседува објави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој тврди дека се меѓу директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и судијката Светлана Костова, како и на судијката со израелецот Хаим Хакеин. Според Заев, преку овие разговори се открива корупциски скандали при набавка на опрема од Израел.

„Денеска пред јавноста откриваме уште еден огромен корупциски скандал, и за Македонија и пошироко за регионот, со најдиректни, најконкретни и најјасни докази за класична корупција во врвот на власта“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Освен прислушувани телефонски разговори, Заев за прв пат објави и СМС комуникација, како и фотокопија од патен документ на израелецот Хакеин кој содржи податоци за влез и излез од земјава.

 

Катерина Топалова