„Бедем“: Не прифаќаме поделба на македонското ткиво
„Веќе ни политиката не е тоа што беше, кога Стојанче Ангелов стана главен експоненет на СДСМ и на Албанците“ - здружението „Бедем“ се огласи за постапките на лидерот на Достоинство. Според нив, ваквата демонстрација на закани и агресивност се доказ дека тој е исплашен човек на кого му треба друг вид поддршка...

„Поделба на македонското ткиво и свесно работење против државата , ниту ќе разбереме, ниту ќе прифатиме“ - велат од здружението „Бедем“. Ова е реакцијата на објавата на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов за обединување на Македонците и на Албанците против, како што вели, криминалците, како и тоа дека е подготвен во битката против власта и неистомислениците да оди со УЧК.
„Веќе ни политиката не е тоа што беше кога Стојанче стана главен екпоненет на Албанците и СДСМ кои уживаат во неговата недоветност, нестабилност, лакомост. Ваквата демонстрација на агресивност и неговите закани се доказ дека тој е само еден исплашен човече на кого му треба друг вид на поддршка. Човек не знае дали да го жали или да се срами од него“, изјави Горан Димовски – претседател на Здружението на бранители „Бедем“.
Според Бедем, ваквиот потег на Ангелов ја обелоденува неговата намера за профит. Можеме да разбереме некој да има политички амбиции, но не и дека за пари може да направи се и сешто“ -велат од здружението.
„Овој човек нити може да се нарече генерал, ниту пак има капацитет човечки и професионален да се нарече бранител. Очигледно ваквите луѓе со задоволство прават кловн од себе при тоа на сметка на сопствената изгубеност, неморал и фактот дека е нестабилен и лабилен заработувајќи си парички и покажувајќи дека се има цена најмногу на среќа на УЧК кои се ситат на неговите циркузантски и деградирачки потези“, нагласи Димовски.
Познавачите на состојбите веќе се изјаснија дека постапките на Ангелов се дела од политичките сценарија на опозицијата насилно уривање на власта и доказ дека сепак некој сака дестабилизација на земјата.
Наташа Гркова- Петрушевска
