Средношколскиот пленум излезе на марш незадоволен од реформите
Протестот доаѓа еден ден откако Министерството за образование и Унијата на средношколците постигнаа договор математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици во средните училишта, туку само за оние што се решиле за природно–математичката насока...

Средношколскиот пленум е против вчерашниот договор според кој математиката нема да е задолжителен предмет за државната матура за сите средношколци. Иако ова беше едно од нивните барања, сега се бара и укинување на екстерното. На протестот од пред Собранието преку Владата до Министерството за образование им се приклучија и дел од кумановските средношколци.
Се огласи и Унијата на средношколци на Македонија која вчера го постигна договорот со Министерството за образование. Велат дека тие се единствениот легитимен претставник на средношколците во Македонија. Обвинија дека Пленумот е пара- организација без легитимитет и кредибилитет, со политичка цел да ги злоупотреби средношколците и да ги деградира, велат од Унијата.
Од Средношколската унија сметаат дека главна причина поради која протестира Средношколскиот пленум е за да се губи настава, но и со автобуси да се носат средношколци од Куманово во Скопје. Од Унијата на средношколски сметаат дека ова е класична партиска злоупотреба на деца и ученици.
Викторија Тодоровска