Атланта и со пораз води на истокот
Во поразениот состав нашиот интернационалец Перо Антиќ имаше лош ефект и безмалку никаков придинес за екипата...

Во засиленото темпо во финишот на регуларниот дел од сезоната во американската професионална лига тешко е да се одржи константноста, па само ден по победата над Милвоки кошаркарите на лидерот во источната конференција Атланта загубија на гостувањето кај Детроит со 105-95 ,но и натаму остануваат на врвот со 56 победи и 19 порази.
До 29-от сезонски триумф Детроит стигна со одличната игра на Драмонд кој постигна 22 поена и имаше 13 скокови, поддржан од Толивер кој запиша 13 поени и 10 скокови. Во поразениот состав нашиот интернационалец Перо Антиќ имаше лош ефект и безмалку никаков придинес за екипата.Одигра 17 минути,ги промаши 5-те обиди за три поени,не успеа да погоди ниту од 2-та обиди за два,а забележа само 1 дефанзивен скок.19 –те поени на Сефолоша беа премалку за нов триумф на Атланта.
Од другастрана лидерот на западот екипата на Голден Стејт ја продолжи победничката серија на гости кај Лос Анџелес Клиперс со 110-106.До 61-та победа ги предводеше Кари со 27 поени,два повеќе од Томсон кој забележа и 8 скокови,како и Ли со 17 поени и 7 скокови, по што залудни беа 40-те поени и 12 скока на Блејк Грифин.
Победа на гости забележа и Сан Антонио против Мајами со 95-81 во натпревар во кој Тони ПАркер го забележа 1000-от НБА настап и 718-тата победа,а домашниот терен беше предност за Бруклин кој во натпреварот со најмногу поени ја совлада Индијана со 111-106.
