Мијалков: Не станува збор за потпкуп, туку за донација
За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава. Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби, се вели во демантот од директорот на УБК...

Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, стои во демантот од директорот на УБК, Сашо Мијалков на денешните клевети изречени од Зоран Заев.
За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава. Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби. Донацијата од 5.557.377 евра е примена. Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев. Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија, се вели во демантот.
