Мак-кошарката во немирни води
Од другастрана и екипата на Куманово најави дека натпреварот против Карпош Соколи е одложен и презакажан спротивно на пропозицииите и дека немаат намера да гостуваат денеска во Скопје, дека бараат натпреварот да се регистрира со службен резултат во нивна полза и дека во спротивно правдата ќе ја бараат на суд...

По иницијативата за смена на претседателот и контроверзен старт на супер лигата во кошарка. За денеска одложениот натпревар од првото коло во супер лигата меѓу Карпош Соколи и Куманово нема да се одигра откако кошаркарската федерација ја информирала агенцијата за млади и спорт дека екипата на Соколи не се пререгистрирала во акционерско друштво во предвидениот рок пред старот на супер лигата и според тоа нема право за настап.
Од другастрана и екипата на Куманово најави дека натпреварот против Карпош Соколи е одложен и презакажан спротивно на пропозицииите и дека немаат намера да гостуваат денеска во Скопје, дека бараат натпреварот да се регистрира со службен резултат во нивна полза и дека во спротивно правдата ќе ја бараат на суд.
Кога и дали натпреварот ќе биде одигран засега е неизвесно бидејќи натпреварувачката комисија на КФМ нема право да ја закаже средбата додека случајот не биде комплетно расчистен.
