Катастрофа на Кожув во Приштина
01.04.2015 22:17
25 поени и 12 скокови на Бавчиќ, повеќе од двајцата најдобри стрелци на Кожув – заедно – по 11 постигнаа Шепа и Нешовиќ...

Пораз на Кожув во првиот полуфинален натпревар од двомечот со Сигал, бродолом на Гевгеличани во Приштина, 85:61. Едноставно не постои позитивен момент што може да се идзвои во играта на македонскиот претставник, во првиот дуел од претпоследниот филтер, во битката за титулата во регионалната БИБЛ лига.
25 поени и 12 скокови на Бавчиќ, повеќе од двајцата најдобри стрелци на Кожув – заедно – по 11 постигнаа Шепа и Нешовиќ.
Реваншот е на 8-ми април во Гевгелија, а македонската екипа ќе се бори против убедлива кош негатива, но со две победи од регуларниот дел на сезоната против Сигал. Колку тој момент може да биде мотив, ќе видиме следната среда.
Во другот полуфинале, вчера Пеќ славеше на гости кај Рилски со 63:62, а тој реванш е ден порано, на 7-ми април.
