До нови оранжерии со средства од ИПАРД
02.04.2015 11:02
Нови оранжерии градинарите може да изградат со пари од европските фондови. Неповратна помош до 50 проценти се добива од ИПАРД програмата.

За изградба и модернизација на оранжерии, градинарите можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.
На огласот кој ќе трае до 5-ти мај годинава условите се подобрени. Ќе можат да аплицираат и градинарите со 0,2 наместо со 0,5 хектари.
За производство на отворено може да се набави современа опрема за наводнување, заштитни мрежи и земјоделска механизација.
Со програмата се финансираат инвестиции од 3.000 до 2.300.000 евра.
Методија Трајков
