Бродска несреќа во Охотско Море

02.04.2015 11:13

Во тек е спасувачка операција по 20-тина исчезнати, а потврдено е дека се удавиле 54 лица...

Во Охотското Море кај Kамчатка потона руски рибарски брод со над 130 членови на екипажот од повеќе земји. Во тек е спасувачка операција по 20-тина исчезнати, а потврдено е дека се удавиле 54 лица.

„Спасувачката мисија ја водат бродовите што се најдоа во близина на местото на несреќата. Нивните екипажи ги извлекуваат морнарите од Даљни Васток од спасувачките чамци на бродовите“, изјави Артур Рец, шеф на спасувачката служба на Петропавловск.

63-цата кои ја преживеале несреќата се извлечени со тешка хипотермија и се префрлаат во болница со воен хеликоптер. Спасувачите стравуваат дека исчезнатите морнари на бродот Даљни Васток не успеале да дојдат до спасувачките чамци и потонале заедно со него. Според нив, речиси нема шанси да се преживее повеќе од 20 минути во вода на температура блиска до нулата.