Американскиот сенатор Боб Менендез обвинет за корупција
02.04.2015 11:17
Ја искористил функцијата за да му помогне во решавање на приватен спор на богат доктор од Флорида...

Американскиот сенатор од редовите на демократите, Боб Менендез е обвинет за злоупотреба на положбата и корупција. Ја искористил функцијата за да му помогне во решавање на приватен спор на богат доктор од Флорида.
„Живееме во држава каде што грешките на обвинителите ги поправаат судот и поротата. Затоа барам од вас да се воздржите од осуда и да си споменете колку пати грешеле обвинителите“, изјави Боб Менендез, сенатор од Њу Џерси.
Сенаторот, кој е еден од важните донатори на Демократската партија, призна дека бесплатно летал со приватниот авион на докторот, но подоцна платил компензација.
