Три лица уапсени за финансиски криминал тежок 278.000 евра
Фингирани се вкупно 12 фактури во вкупна вредност од 1.094.000 евра со вкалкулиран ДДВ од приближно 200.000 евра...

Три лица од Скопје од кои двајца се сопственици на приватни фирми и еден управител се приведени од Финансиската полиција поради постоење основано соменавање дека сториле финансиски криминал од 278.000 евра, соопштуваат од Управата за финансиска полиција.
Криминалот што го сториле пријавените е започнат уште во текот на 2010 година кога фирмата „Хема Консалтинг“ од Скопје, инаку фирма сопственост на мајката на еден од пријавените имала потреба од влезни фактури со пресметан ДДВ се со цел да ја намали својата обврска за плаќање на ДДВ-то кое е настанато како резултат на дејноста на фирмата со која таа управувала. За таа цел од фирмата на синот со назив „ЕНТЕРНЕТ ДООЕЛ“ од Скопје биле фингирани вкупно 12 фактури во вкупна вредност од 1.094.000 евра со вкалкулиран ДДВ од приближно 200.000 евра.
Од увидот во трансакциските сметки на правниот субјект „Хема консалтинг“ од Скопје, утврдено е дека парите стекнати од неоснованиот поврат на ДДВ, во неколку наврати биле подигнати во готово по основ на позајмица и материјални трошоци во свое име и како дадена позајмица на други физички и правни лица и до згаснување на правниот субјект „Хема Консалтиг„ истите не се вратени на сметката на фирмата.
