Рестрикции на вода: Калифорнија се претвора во пустина

02.04.2015 12:20

Првпат во историјата, властите прогласија задолжителни рестрикции на водата. Универзитетите, игралиштата за голф и другите големи сопственици на земја ќе мораат да ја намалат употребата за 25 проценти...

Калифорнија од рај на холивудските ѕвезди се претвора во пустина. Првпат во историјата, властите прогласија задолжителни рестрикции на водата. Универзитетите, игралиштата за голф и другите големи сопственици на земја ќе мораат да ја намалат употребата за 25 проценти.

Почнува нова ера во којашто идејата дека вашиот мал зелен тревник ќе добива многу вода стана нешто од минатото“, рече Џери Браун, гувернер на Калифорнија.

Според надлежните, по снежната зима што го зафати американскиот исток, Калифорнија би требало да биде под еден метар снег, но покривката на планините е на рекордно ниско ниво.