Во Скупи откриена скулптура од 2-ри век од нашата ера
Одредени претпоставки велат дека се очекува да се открие и некропола, од 4-ти и 5-ти век од нашата ера, рече министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, при денешната посета на лојкалитетот Скупи...

Во античкиот театар на локалитетот Скупи откриена е скулптура од тело на жена за која се претпоставува дека датира од втори век од наша ера.
Покрај скулптурата се откриени и уште неколку гробови и денеска можевме да видиме неколку значајни наоди од тие горобови. Одредени претпоставки велат дека се очекува да се открие и некропола, од 4-ти и 5-ти век од нашата ера, рече министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, при денешната посета на лојкалитетот Скупи.
Скулптурата е покривен елемент или конструкција на гроб од доцна Aнтика, а е откриен за време на интензивните археолошки истражувања на античкиот театар Скупи.
Содржината допрва ќе ја откриеме. Претпоставувам дека се тоа доцноантички остатоци од 4-ти и 5-ти век. Горната конструкција се состои од неколку елементи, кои досега не сме ги виделе. Женската скулптура е обезглавена, можеби ќе ги откриеме сите делови и ќе се реконструира, изјави директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ.
