Олимпизам

Патрик Хики во Македонија

02.04.2015 12:41

Ова е 4-ти пат првиот човек на европското олимписко движење да претстојува во Македонија. Неговата посета е од работен, но и од свечен карактер...

Претседателот на Европските олимписки комитети, Патрик Хики е во дводневна посета на Скопје. Ова е 4-ти пат првиот човек на европското олимписко движење да претстојува во Македонија. Неговата посета е од работен, но и од свечен карактер.

Средбата со раководните луѓе на Македонскиот олимписки комитет и со членовите на Управниот одбор на МОК имаше работен карактер. Патрик Хики информира за најприоритетните  активностите на олимпиското движење со акцент на претстојните Први европски спортски игри.Според претседателот на ЕОК, со Игрите во Баку Европа го добива натпреварувањето кое и недостасуваше, а го имаат сите други континенти. А, тоа значи почеток на ново, многу значајно поглавје за европскиот спорт со можност за поадекватно искажување  на спортски и организациски план и на помалите и спортски помалку развиените  земји.Во свечениот дел од посетата, Патрик Хики во својство на потпретседател на ИОК и на специјален пратеник на првиот човек на светскиот олимпизам, Томас Бах на претседателот на Македонскиот олимписки комитет др Васил Тупурковски му го врачи трофејот „Пјер де Кубертен“.Тупурковски е првиот Македонец кој го добива  едно од највисоките признанија  на Меѓународниот олимписки комитет.

Патрик Хики присуствуваше и на отворањето на манифестацијата „Меѓународен ден на спортот“, а беше во посета и на „Олимписката борачка школа“.