Пониски цени за роаминг со Србија, Црна Хора и БиХ од 30-ти јуни

02.04.2015 12:50

Ова е резултат на потпишаната спогодба во Будва, кон која наскоро се очекува да се приклучи Албанија, но и другите балкански држави...

Од 30 јуни стапуваат на сила новите цени за роаминг – услуги со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Минута разговор ќе чини 17,9 денари, СМС-порака 5,6 денари, а 1 МБ интернет ќе чини 43,2 денар.

Ова е резултат на потпишаната спогодба во Будва, кон која наскоро се очекува да се приклучи Албанија, но и другите балкански држави.

Ги повикуваме и останатите балкански држави од регионот да се приклучат и граѓаните патувајќи низ државите да користат многу пониски цени од сегашните, рече денеска на прес-конференција директорот на АЕК, Роберт Орданоски.