Полицијата уапси познат криминалец од скопско Рашче
При претресот кај него полицијата пронашла поголема количина оружје: автоматски пушки, пиштоли, куршуми и повеќе полиетиленски кеси со прашкаста материја, најверојатно кокаин...

Полицијата утринава уапси 46 годишен жител на скопско Рашче, познат криминалец кој тргувал со оружје и дрога.
При претресот кај него полицијата пронашла поголема количина оружје: автоматски пушки, пиштоли, куршуми и повеќе полиетиленски кеси со прашкаста материја, најверојатно кокаин.
Дрогата била предадена на вештачење и ќе се утврдува нејзиното потекло. При претресот биле пронајдени и неколку скутери и мотоцикли, за кој се претпоставува дека биле украдени.
Во досието во крим евиденцијата за приведениот, биле регистрирани повеќе кривични дела за кои му биле изречени затворски казни.
