ИКАС по 47-пат
Претстојниот викенд повеќе од 130 кајакари од 11 земји ќе ги разбрануваат водите на реката Треска на манифестацијата што од 1968-та стана препознатлив бренд во светот на кајакот...

Прекрасна природа,единствен амбиент и врвен спорт, на едно место, во еден од најубавите спортски центри во Европа, кајакарската патека во Матка крај Скопје и традиционалната манифестација по 47-ми пат-Илинденскиот кајак слалом,популарниот ИКАС.
Претстојниот викенд повеќе од 130 кајакари од 11 земји ќе ги разбрануваат водите на реката Треска на манифестацијата што од 1968-та стана препознатлив бренд во светот на кајакот:
„Агенцијата за млади и спорт максимално ја поддржува оваа традиционална манифестација не само за прогрес на кајакарскиот спорт ,туку и за развој на спортскиот туризам во еден од најубавите спортски центри на балканот“- изјави Марјан Спасески-директор на АМС.
Историјата на ИКАСОТ и неговата популарност меѓу кајакарите од регионот и Европа би требало да се основа на интенцијата патеката на Матка да се вброи меѓу оние од светската серија:
Според Атанас Николовски-спортскиот директор на ИКАС цел во наредните години е оваа манифестација да влезе во светската серијаи да се бодува во светскиот куп со што Матка ќе прерасне во кајакарски центар во овој дел на Европа.
Дводневните натпревари на 47-от ИКАС стартуваат в сабота со квалификациите,в недела е полуфиналето и финалните трки што ќе ги следиме на македонската телевизија, а за сите што атрактивниот натпревар ќе сакаат да го проследат во живо,организаторите и градот Скопје овозможуваат бесплатен превоз .
