„Декември и се бакнавме“ на Паула Бозалонго добитник на „Мостови на Струга“
Книгата, според директорот на СВП, Мите Стефоски, низ 26-те песни поделени во два дела донесува поетски јазик од кој зрачи особен сензибилитет, необременет од некаква вратоломна реторика, екпериментален или метафоричен израз...

Шпанската поетеса Паола Бозалонго добитник на наградата „Мостови“ на Струшите вечери на поезијата. Според жирито од 14 пристигнати дела се издвоила книгата „Декември и се бакнавме“ на Бозалонго.
„Песните на Бозалонго изненадуваат со својата конкретност и посредност. Таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик, кој лесно воспоставува контакт и со публиката и со критиката и не случајно нејзината прва книга е во врвтот на листите на најпродавани во Шпанија. Низ загуснат емоционален интензитет го транспонира својот интимен свет низ конкретни и јасни слики“, вели претседателот на Управниот одбор на СВП, Славе Ѓорѓо Димоски.
Книгата, според директорот на СВП, Мите Стефоски, низ 26-те песни поделени во два дела донесува поетски јазик од кој зрачи особен сензибилитет, необременет од некаква вратоломна реторика, екпериментален или метафоричен израз.
„Тоа е поезија која носи рефлексии на извесни несигурности и стравови, неодлучности во потрагата по блискост“, нагласи Стефоски.
