Вооружен напад врз универзитет во Кенија, најмалку 15 загинати

02.04.2015 14:08

Војската го опколи кампусот и во тек се борби со петтемина напаѓачи кои држат голем број заложници...

Маскирани напаѓачи упаднаа во универзитет во Кенија близу до границата со Сомалија. Се слушнале експлозии и истрели, убиени 15-мина и има 30-тина ранети.

Според очевидци, голем број од студентите успеале да побегнат, но во зградата има голем број загинати.

Војската го опколи кампусот и во тек се борби со петтемина напаѓачи кои држат голем број заложници.

Се уште не се знае кој стои зад нападот, но кениските власти се сомневаат на сомалиските исламисти од Ал Шабаб.