Кошарка - НБА

Блескави настапи на Харден, Вестбрук и на Казнс!

02.04.2015 14:32

Со 24 поени, 21 скок и 10 асистенции, Казнс го одигра најдобриот меч во дресот на Сакраменто, но остана во сенка на рекордните 51 во кариерата на Харден благодарение на коишто Хјустон славеше со 115:111...

Тројниот поединечен ефект не беше доволен за победа во два од 12-те синоќешни натпревари. Вестбрук реализираше 31 поен и по 11 асистенции и скокови, но Оклахома дома загуби со 135:131 од Далас кај којшто најефикасен беше Елис со 26 коша.

Со 24 поени, 21 скок и 10 асистенции, Казнс го одигра најдобриот меч во дресот на Сакраменто, но остана во сенка на рекордните 51 во кариерата на Харден благодарение на коишто Хјустон славеше со 115:111.

Во конкуренција за осмото, последно плеј оф - место во источната конференција и натаму се три екипи, откако Бруклин и Бостон се израмнија со Мајами со по 34 победи. Нетс беа подобри од Њујорк со 100:98, додека Селтикс ја освладаа Индијана со 100:87.

Во другите натпревари: Шарлот - Детроит 102:78, Орландо - Сан Антонио 91:103, Вашингтон - Филаделфија 106:93, Милвоки - Чикаго 95:91, Минесота - Торонто 99:113, Јута - Денвер 98:84, Портланд - Клиперс 122:126, Лејкерс - Њу Орлеанс 92:113.