Војска од непозната националност влегува во Јемен

02.04.2015 15:26

Жестоките борби меѓу шиитските бунтовници и јеменската војска за контрола над градот го натераа претседателот Абед Хади повторно да побегне од Аден каде што се засолна откако ја напушти престолнината Сана...

Според непотврдени извештаи од очевидци, странска војска од непозната националност се истоварила во јеменскиот пристанишен град Аден, по седумдневно бомбардирање на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Жестоките борби меѓу шиитските бунтовници и јеменската војска за контрола над градот го натераа претседателот Абед Хади повторно да побегне од Аден каде што се засолна откако ја напушти престолнината Сана.

Хути милицијата е поддржана од воените единици лојални на претходниот претседател Али Салех и сака да ја собори власта што ја обвинува за корумпираност.