Штетите од поплавите изнесуваат вкупно 25 милиони евра

02.04.2015 16:12

25 милиони евра е вкупната штета од последните поплави во земјава. Извештајот ќе биде презентиран во Брисел од каде што се очекува да бидат одобрени дел од средствата...

25 милиони евра е вкупната штета од поплавите во Македонија. Министерот за земјоделство, Михаил Цветков посочи дека владината комисија пресметала дека најпогодени се земјоделците со 13,5 милиони евра. Штетите на системите за навиоднување изнесуваат меѓу 4 и 5 милиони евра, на патната инфраструктура 4, а останатите штети се врз домовите на жителите од поплавените подрачја.

Истиот извештај се очекува да биде готов пред крајот на оваа недела, а идната недела висока владина делегација ќе го презентира во Брисел, па очекуваме да ни бидат одобрени средства од Европската комисија“, изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство.

Цветков истакна дека добиуле и писмена потврда од ИПАРД програмата, па земјоделците ќе може да користат парична помош и од овој финансиски инструмент со 75 проценти кофинасирање од европскиот паричен фонд. Земјоделците кои го изгубиле производството, надеж полагаат во исплата на оштетата.

„Претходно беше од 10 до 30 проценти обештетувањето, сега ако е 100 проценти, луѓето ќе бидат барем малку освежени, еден вид инјекција ќе добијат“, вели Васе Стојков- жител на Сачево.

Македонија побарала помош и од Светската организација за храна од каде ќе биде испратена добиточна храна, семенски материјал и ѓубрива.

Најмногу настрадаа есенските посеви во Пелагонијa. Од вкупно 34.700 хектари, 16.500 се со житните култури, а 7.100 се не насеани ниви. Во Струмица поплавите направија штета од милион и пол евра.

 

Катерина Давчева