Алпско скијање

Нојројтер прослави во Аделбоден

12.01.2014 11:57

Феликс Нојројтер, еден од најдобрите светски слаломисти му се радува на првиот триумф во кариерата во велеслалом во Светскиот куп. Победа постигната на најпознатата и најтешката велеслаломска патека во швајцарскиот зимски центар Аделбоден. Откако по првото возење беше 6-ти со заостанување од 1.32 секунди зад водечкиот Фанара, мали беа шансите што му се даваа на Нојројтер за место на подиумот. Но, 29 годишниот Германец втората трка ја извозе со восхитувачка брзина и прецизнот за фантастичен, малку очекуван триумф. Победничкото време на Нојројтер беше 2:34.60.

Феликс Нојројтер, еден од најдобрите светски слаломисти му се радува на првиот триумф во кариерата во велеслалом во Светскиот куп. Победа постигната на најпознатата и најтешката велеслаломска патека во швајцарскиот зимски центар Аделбоден. Откако по првото возење беше 6-ти со заостанување од 1.32 секунди зад водечкиот Фанара, мали беа шансите што му се даваа на Нојројтер за место на подиумот. Но, 29 годишниот Германец втората трка ја извозе со восхитувачка брзина и прецизнот за фантастичен, малку очекуван триумф. Победничкото време на Нојројтер беше 2:34.60. Ова е 7-ма победа на Нојројтер во трките од Светскиот куп.Претходните 6 ги извојува во слалом, дисциплината која е негова специјалност. Второто место во Аделбоден го освои Французинот Томас Фанара со заостанување од 10 стотинки, е трет е Австриецот Марсел Хиршер со 17 стотинки послаб резултат.

По четирите одржани велеслаломски трки во оваа дисциплина води Марсел Хиршер со 380 поени, пред Французинот Пинтуро со 305 и Тед Лигети од САД со 260. Во генерален пласман лидерското место го има Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 652 поени пред Марсел Хиршер со 575. Утре на истата патека ќе се вози слалом.

 

Гергл е победничка на спустот во Алтенмаркт

 

Женскиот дел од „белиот скијачки карван“ беше во австрискиот дел од Алпите. На патеката во Алтенмаркт се возеше  спуст. Австријките триумфално ја завршија  четвртата „скијачка форлмула 1“  во сезоната. Најбрза беше Елизабет Гергл. 32-годишната  домашна миленичка имаше перфектна линија на спуштање кон целта. Мерачот на време застана на 1:47.45, резултат недостижен за  52-те скијачки кои минаа низ целта. Ова беше 5-та победа на Гергл во Светскиот куп, втора во спуст. Радоста на домаќинот беше надополнета со настапот на  Ана Фенингер. На целта беше втора со 56 стотинки послаб резултат. Трета е Германката Марија Хефл-Риш со заостанување од 63 стотинки. Во редоследот во спуст води Марија Хефл Риш со 325 поени. Многу поинтересна и понеизвесна е трката за големиот кристален глобус. На титулата „кралица на белите патеки“ засега  со подеднакви шанси јуришаат  Ана Фенингер со 677 поени, Хефл –Риш со 671 и Тина Вајратер од Лихтенштајн со 659 поени.

Скијачкиот викенд во Алтенмаркт утре продолжува со женскиот супер велеслалом.