ЖРК Вардар пред пресметките на сезоната во Л Ш
Ѓер е европски великан, машина која тешко се стопира. Константно игра на Ф4 турнирите цели осум сезони 4 пати беше финалист, последниве две сезони го чуваат трофејот...

Вардарки се пред наоѓаат пред моментот на вистината. Амбициите се идентични како ланските кога во дебитанти беа на Ф4, но патот дотаму овојпат води преку унгарски Ѓер, двојниот едноподруго континентален шампион. Ѓер е европски великан, машина која тешко се стопира. Константно игра на Ф4 турнирите цели осум сезони 4 пати беше финалист, последниве две сезони го чуваат трофејот во своите витрини а и годинава агендата им е европскиот трон како домаќини на завршниот турнир. Но, тоа е само дополнителен мотив на македонскиот првак. Тренерот Индира Кастратовиќ најавува жестоки пресметки во кои мечот во Скопје е практично прво полувреме.
“Знаеме кој е и што е Ѓер, но исто така знаеме дека имаме две полувремиња за одигрување. Првото е в сабота во Скопје, а второто е во Ѓер. Најважно за мене е што нема повредени, екипата е комплетна и сите сме расположени и мотивирани. Не наметнувам преголем притисок за да не изгориме во желбата, но ќе барам договореното да се испочитува. Треба да влеземе силно и концентрирано, агресивно во одбраната и да го градиме резултатот во текот на целиот меч.
Најдобрата ракотарка на светот за 2013 година Андреа Лекиќ оптимитички го очекува настапот против поранешниот клуб.
“Јас и Јованка бевме дел од таа машинерија на Ѓер. Сите говорат за повредените играчи на Ѓер, но ние не се осврнуваме на нивните проблеми. Тие секако се фаворити, но јас очекувам позитивен резултат. Атмосферата во Скопје е одлична и ниту еден клуб не се чувствува удобро кога игра тука. Го гледав машкиот состав и навистина е неверојатно да се игра пред таква спектакуларна публика, и се надевам дека и ние ќе добиеме слична поддршка во сабота“.
Натпреварот против Ѓер за ЖРК Вардар е последен сезонава пред своите гледачи и затоа саботниот меч во Јане Сандански кој почнува од 19 часот се очекува да биде пред исполнети трибини.
