СДСМ во Куманово објави нови аудиоматеријали

02.04.2015 17:01

СДСМ денеска од куманово објави адуиоматеријали од прислушувани разговори што ги поседува. Од партијата тврдат дека за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ се делени големи суми пари во кеш...

СДСМ објави прислушкувани разговори за кои тврди дека се однесуваат на неправилности на локалните избори во Куманово. Претседателот на Општинската организација Мартин Костовски вели дека во материјалите се гласовите на високи владини функционери. Обвини дека сакале на секаков начин да ја попречат опозицијата за време на изборниот процес и да ја добијат локалната власт.

Проектот Вистината за Македонија продолжува за враќањето на слободата , демократијата и правдата во нашата држава , да допре насекаде.Јавноста денеска ќе го слушне она што ние во Куманово веќе го знаеме.Како опозицијата е поречувана за време на изборниот процес,по секоја цена да се овои Куманово“, рече Костовски на прес конференцијата.

СДСМ во Куманово денеска организира и народен марш.

 

Габриела Димковиќ