Унијата на средношколци со претставки до Народниот правобранител и до Меѓаши

02.04.2015 17:04

По протестите, Унијата на средношколци со претставки до Народниот правобранител и до Меѓаши. Сметаат дека учениците се злоупотребуваат во политички цели. Загрижени се и родителите. Испратена е порака: политиката да се држи надвор од училниците...

Унијата на средношколци поднесе претставка до Народниот правобранител и Меѓаши за да се заштитат правата на учениците, за кои како што тврдат се манипулирани и  злоупотребени  за остварување  на политички цели. Велат дека на вчерашните протести средношколци со автобуси биле носени во Скопје за да изразат наводно незадоволство од реформите. „За политика нема место во нашите училници“, порачаа од Унијата на средношколците.  

И родители со загриженост ги следат случувањата. Велат дека се згрозени од начинот на кој некој сака да ги злоупотреби нивните деца за остварување на лични цели. Прашуваат кој ќе ја поднесе одговорноста кога учениците ќе треба дополнително да ги одработуваат изгубените часови.

Пред неколку дена на средба, Министерството за образование и унијата на средношколци постигнаа договор математиката да не биде задолжителна во матурата. Средношколците го обвинија пленумот дека е нелигитимна организација која има политичка позадина.

Викторија Тодоровска