За 73 проценти поевтино ало со Србија, БиХ и Црна Гора
Спојувањето на ВИП и Оне нема да ги зголеми цените за минута разговор на мобилната телефонија во Македонија. Во очекување Антомонополска да излезе со став, од АЕК тврдат - подготвени сме за сите можни сценарија...

Од ова лето поевтино ало од црногорските плажи. Паѓаат цените на роаминг и со Србија и Босна. Од 30- ти јуни минута ќе чини 17,9, порака 5,6 денари. За 73 насто пониски цени. За интернет сурферите енормно намалување. Наместо 370, еден мегабајт само 43 денари. Надлежните очекуваат спогодбата да ја потпише и Албанија, примерот да го следат и другите земји. За две години со континуиран пад, договорени се уште пониски цени.
Спојувањето на ВИП и Оне нема да ги зголеми цените за минута разговор на мобилната телефонија во Македонија. Во очекување Антомонополска да излезе со став, од АЕК тврдат - подготвени сме за сите можни сценарија.
АЕК со став – не сме задоволни од квалитетот на мрежите на сите три оператори. Правилникот се менува, ќе мора да обезбедат мрежно покривање на сите магистрални и регионални патишта, како и мобилен интернет со минмум два мегабајти во секунда. За четири години, цените се драстично намалени, користењето интернет и на паметни телефони е во континуиран пораст – стои во анализте на Агенцијата за електронки комуникации.
Сузана Фиданска- Стоевска
