Почна процедурата за формирање гарантен фонд за земјоделците

03.04.2015 10:42

Почна формирањето на гарантен фонд за земјоделците. Со помош владата и УСАИД, фармерите сега ќе може полесно да обезбедат банкарска гаранција...

Гарантниот фонд треба да функционира по приципот 50-50. Тој ќе гарантира за половина од кредитот, а за другата половина комерцијалните банки ќе бараат хипотека.

Кредитите кои ќе може да се користат по оваа шема се лимитирани на 500.000 долари.

Досега четири банки пројавиле интерес за користење на услугите на гарантниот фонд.

Системот се планира да  функционира од мај годинава, а ќе се користи за средствата од ИПАРД 2 програмата.

 

Методија Трајков