До 2017-та, САД ќе станат најголем производител на нафта во светот
Соединетите Американски Држави планираат да станат најголемиот производител на нафта во светот. Американците возат автомобили со најевтино гориво со цена од само 2,5 долари за галон (2,8 литри). Нафтените компании планираат да вложат во рафинерии во странство за да ја задржат конкурентната цена...

Соединетите Американски Држави произведуваат околу 9 милиони барели нафта дневно, од кои 2,5 милиони се извезуваат во Канада. Неодамна со Мексико е склучен договор за размена на тешка сурова нафта од која се произведува бензин, за лесна нафта за авионско гориво. Домашните резерви растат, па плановите се американската нафта да се извезува во Јужна Америка, Европа и Азија, каде ќе се и рафинира, за да се намалат трошоците за инвестиции и производството во Америка.
„Според направените студии, со извозот на суровата нафта на меѓународниот пазар ќе се намали цената на нафтата во светот. За ова имаше реакции во последните неколку месеци. Доколку рафинериите работат пооптимално, тогаш ќе се намалат трошоците за производство“, изјави Мартин Талет, претседател и основач на „Енсис Енерџи“.
„60 проценти од американската нафтената индустрија ги зголемува резервите на супер лесната нафта. Планот е овој тренд да продолжи и да се зголеми во 2016-та година. Во оваа и во наредната ќе се намали производството на среднотешката нафта“, вели Џоан Шор, главен аналитичар за американските производители на гориво и петрохемиски производи.
Америка веќе предводи во светот по производство на нафта од шкрилци. До 2017-та година, САД се станат најголемиот производител на нафта во светот.
Ирина Гелевска
