70 години Македонски народен театар
Јубилејот напладне ќе биде одбележан со перформанс и отворање изложба на експонати од музејот на МНТ, а во вечерниот термин ќе биде изведена претставата „Вечната куќа“ со која ансамблот на МНТ во 2013-та ја продолжи својата историја во нов објект...

Македонскиот народен театар денеска свечено ќе одбележи 70 години од основањето и од првата изговорена реплика на македонски јазик на 3 април 1945.
Јубилејот напладне ќе биде одбележан со перформанс и отворање изложба на експонати од музејот на МНТ, а во вечерниот термин ќе биде изведена претставата „Вечната куќа“ со која ансамблот на МНТ во 2013-та ја продолжи својата историја во нов објект.
Од утре и во наредните два и пол месеца одбележувањето ќе продолжи со повеќе активности.
МНТ ќе ја отстапи својата сцена за гостувања на другите професионални театри од Македонија, но и за независни продукции и академии.
