Историски договор со Иран
Американскиот генерален секретар Џон Кери изјави дека договорот е солидна основа за иден конечен договор, со кој ќе се стави крај на 12-годишниот нуклеарен спор меѓу Техеран и Западот...

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун изјави дека постигнатиот рамковен договор за иранската нуклеарна програма на преговорите во Лозана ќе отвори пат кон мирот и стабилноста на Блискиот Исток.
Договорот е основна етапа на патот кон потпишување конечен договор најдоцна до 30 јуни. Американскиот генерален секретар Џон Кери изјави дека договорот е солидна основа за иден конечен договор, со кој ќе се стави крај на 12-годишниот нуклеарен спор меѓу Техеран и Западот.
Израел, пак, го отфрли прелиминарниот договор истакнувајќи дека нема врска со реалноста и најави лобирање со цел да се спречи постигнувањето финален договор.
